Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Со претприемачки потенцијал на жените до развој на нови претпријатија

Денеска во кружната сала на зградата на поранешни општествено-
политички организации се одржа Обука за жени претприемачки, во
рамките на Националната платформа за женско претприемништво, со
помош на Дивна Јанкова, локален координатор на североисточен плански
регион за женско претприемништво.
Обуката на тема маркетинг и комуникација има за цел создавање на
поволно деловно опкружување и Обука за жени претприемачки
обезбедување поддршка за развој на претприемачкиот потенцијал на
жените за развој на постоечките и креирање на нови претпријатија со
нови работни места и зајакнување на економијата. Ќе придонесе
обезбедување на системска поддршка за развој на женско
претприемништво и креирање на инфраструктура за негова поддршка и
развивање.
Учествуваа претседателката на Совет на општина Куманово, членови на
Комисијата за женско претприемништво и други заинтересирани жени, која функционира во рамките на
ЛЕР, а чија иницијатива потекнува од потпишаната Декларација помеѓу
општина Куманово и Националната платформа за женско
претприемништво .
Досега се одржаа Обуки на тема: финансирање на бизнис и пристап до
финансии, менаџмент на човечки ресурси и лидерство, решавање
проблеми и креирање бизнис идеи и иновации.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст