Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Спој на антика, средновековие и историја на Македонија во делото на Петровски

Вечерва во Занаетчиски дом се одржа промоција на делото „Кралот од Алшар и изворот на животот“ на професорот по музичка уметност Филип Петровски. По двете книжевни дела “Светот во световите” и “Последната книга на планетата Земја”, ова е трет роман на Петровски, под поткровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово, во издание на Клуб Матица-Скопје. Книгата ја промовираа професорите по македонски јазик Соња Тодоровска и Анита Цветковска и филозофот Љубиша Петровски. Преку интерактивен сценски перформанс беше промовирано делото, кое навлегува длабоко во психологијата и значењето на животот, во духовните знаења со древни списи и еволуција во технологијата, кои ја ткаат авантурата во делото. Куманово станува дел од бесмртната фантазија како значајно место во овој психолошко-филозофски роман низ храмот во Кокино, замокот во Бислим, во единствениот рудник на свет Алшар.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст