Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Спортски активности по повод празникот 11 Октомври

Општински сојуз на спортови Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, во чест на претстојниот празник 11 Октомври, ги организира традиционалните спортски манифестации:
– 11.10.2024 г. петок:
1. Турнир во ракомет – МРК Куманово, во спортска сала на СОУ “Перо Наков” – Куманово, (почеток 10-18 часот),
2. Атлетски митинг – АК Куманово, на атлетска патека кај Соколана (почеток 10 часот),
3.Турнир во пинг понг – ППК Куманово, во спортска сала на СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово (почеток 10:30 часот),
4. Велосипедска трка Трофеј 11 Октомври – ВК Вело – М од Куманово,  старт во 12 часот на бул. Октомвриска Револуција, кај Спортска сала во Куманово,
5. Аикидо семинар – Аикидо клуб Агатсу, во просториите на клубот на ул. Иво Лола Рибар бр.112, Куманово (почеток 19 часот)
– 12.10.2024 г. сабота:
6. Турнир во одбојка за жени – ЖОК Куманово, во спортска сала на ООУ Христијан Карпош (почеток 11 часот).
– 13.10.2024 г. недела:
7. Планинарска тура на Китка – ЗПЗП Козјак 2013, покана до сите заинтересирани граѓани, поаѓање пред ресторан Жмара, на бул. Октомвриска Револуција, во 07:30 часот.
Превозот е организиран!
8. Меѓународен куп 11 Октомври во спортски риболов – ЗСРРК Пчиња, на езеро Гогомонд (почеток 07 30 часот).

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст