Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба на градоначалникот Димитриевски со кик-боксерот Методиевски

Градоначалникот на општина Куманово денеска оствари средба со кик боксерот Данило Методиевски и неговиот тренер Јован Крстевски, кои од 27.09 до 01.10.2023 година учествуваа на Светски кик-бокс куп во Лидо ди Јесоло, Италија.

На средбата градоначалникот Максим Димитриевски му честиташе на Данило Методиевски за освоениот сребрен медал, со кој се закити младиот кик-боксер во категорија Постар кадет до 63 килограми. Тој се бореше во конкуренција на 12 кик-боксери во својата категорија.

Општина Куманово ќе продолжи во континуитет да го поддржува неуморниот труд на нашите млади спортисти, кои редат значајни резултати на интернационално ниво.

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст