Градоначалникот Максим Димитриевски и вицепремиерот Фатмир Битиќи на средба со производители на месна индустрија
По иницијатива на Локален економско-социјален совет при Општина Куманово, во врска со доставени барања од производители на месната индустрија во Куманово до Владата, денеска градоначалникот на Општината Димитриевски одржа средба со вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи и претставниците на месна индустрија во Куманово: “Екстра Меин”, “Гроздановски”, “БДА”, “Никси”, “Корнер” и “Гоки”. Согласно со фактот дека околу една третина од месната индустрија во државата е во Куманово, на средбата беше дискутирано за проблемот со немање на суровина за производство, која доаѓа од другите земји и за која се укинати квотите за увоз на свинско месо. На конструктивната средба, на вицепремиерот Битиќи му беа презентирани проблемите, со кои се соочуваат кумановските производители на месо, на која беше дадено ветување дека ќе се направат напори со вистински заложби за решавање на постоечките препреки, со цел да може непречено да продолжи производствениот процес на месната индустрија.