Известување од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на 24.02.2021 год.
Во просториите на Општина Куманово се одржа шеесет и првиот состанок на
Општински штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности
за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот
присуствуваа претставници на Општински штаб, претставници од институции,
организации, јавни претпријатија. На состанокот беа донесени следните
препораки:
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влада
на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м,
носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во
затворени простории.
Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и
навремено ќе реагира.