Старт на учебна 2023/2024 година
По повод почетокот на новата учебна година Градоначалникот Максим Димитриевски и Раководителот на Сектор за образование Александар Јовановиќ денеска присуствуваа на прием на првачињата во ООУ „Толи Зордумис”. На првачињата, кои денеска го започнуваат својот образовен процес, градоначалникот им посака успех во стекнување на нови знаења и вештини, како и среќа низ животот за нив и нивните семејства. Оваа година во прво одделение се запишани 1079 првачиња.