Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечен прием на делегации по повод празникот на градот 11 Ноември

Во пригодна атмосфера беше организиран прием на делегации, кои пристигнаа од земјава и странство, во чест на одбележувањето на јубилејот на Куманово, 505 години постоење и 80 години од ослободувањето.
Градоначалникот на Општина Куманово, се обрати пред присутните, посакувајќи им пријатен претстој во градот и им се заблагодари за укажаната почит и чест.
На свеченоста беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово, претставувана од градоначалникот Максим Димитриевски и градоначалникот на Општина Елин Пелин, Република Бугарија, Ивајло Симеонов.
На празничниот прием во Занаетчиски дом, беа разменети подароци меѓу делегациите од збратимени општини и претставници на институции од повеќе градови од странство, со кои Општина Куманово има долгогодишна успешна соработка.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст