Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечена седница по повод Меѓународниот ден на ромите – 8 Април

Во организација на Центар за ромска заедница ДРОМ – Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината, денеска во Занаетчиски дом, се одржа свечена седница на која беа промовирани реализираните програми и активности кои се предвидени во наредниот период, за развој и интеграција на припадниците на ромската заедница во Општина Куманово.
Во чест на Интернационалниот ден на ромите – 8 Април,  беа промовирани делата Граматика на современ ромски јазик и  Ромски речник, во издание на Матица, Скопје.
Промоцијата беше збогатена со културно – уметничка програма, во која учествуваа ученици од повеќе општински основни училишта со музички и литературни точки.
Присутните имаа можност да ја разгледаат изложбената поставка – Историја и култура на ромите од Балканот.
На настанот присуствуваа секретарот на Општина Куманово, Александар Гелевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, која имаше и свое обраќање, членови на Совет и претставници од општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст