Свечена седница во чест на празникот 11 Ноември
Празничното одбележување на јубилејот 505 години од постоење на градот и Денот на ослободувањето на Куманово, продолжи со свечена седница во НУЦК “Трајко Прокопиев”
– Куманово.
На пригодниот настан, пред бројни делегации од земјава и странство, збратимени општини и претставници од разни институции и гости, со свечен говор се обратија градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и претставници на етничките заедници.
Присутните, имаа можност да проследат видео презентација за постигнатите резултати на Општина Куманово, во изминатиот едногодишен период.
Во име на Општината, градоначалникот заедно со претставничка на Комисијата за одбележување на празници и манифестации, Мирјана Прокиќ Младеновиќ, ја додели Ноемврискатанаграда на поединци и правни лица, кои постигнале врвни резултати во својата професија.
Градоначалникот Димитриевски, од свое лично име, врачи благодарници и плакети на поединци и правни лица, кои дале придонес во развој и промоција на градот, во повеќе општествени области.
Свечената манифестација беше проткаена со културно – уметничка програма.