“Тајниот код на Константин” – проекција на филм
Во рамки на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, беше прикажан филмот Тајниот код на Константин, денеска во Кинотека на Северна Македонија, Скопје.
Промотивниот настан беше во организација на Амбасада на Република Словачка во Република Северна Македонија, во чест на 5 јули. (Датум за одбележување на празникот Св.Кирил и Методиј во Словачка).
Од име на Општина Куманово, на манифестацијата присуствуваше Марија Бабан, раководителка на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции.
Постои интерес и реална можност, филмот да се претстави и пред кумановската публика, во септември оваа година.