Учество на Димитриевски на форумот за развој на политики во Тирана
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, учествуваше на дводневниот форум за развој на политики во Тирана, во организација на Меѓународниот републикански институт – ИРИ.
На форумот со наслов “Карпестиот пат на демократизацијата на Балканот”, главна тема беа предизвиците со кои се соочува регионот.
Учествуваа високи државни претставници од регионот, директорот на ИРИ за Европа, Пол Мекарти, универзитетски професори, политички аналитичари, експерти, истражувачи и претставници на медиуми.