Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Улогата на спортот во создавањето на здрав животен стил

Градоначалникот Максим Димитриевски учествуваше на Меѓународен Симпозиум на тема: “Улогата на спортот во создавањето на здрав животен стил”.На настанот кој е во организација на Асоцијацијата на спортски новинари на Македонија и Македонскиот олимписки комитет, присуствуваа и врвните спортисти од нашиот град Реџеп Реџеповски и Бранимир Јовановски, како и многу спортски легенди од регионот.
Во своето обраќање, градоначалникот ги потенцираше спортските усапеси на градот, изградба и реконструкција на спортските објекти, како и поддршката што општината ја дава за развој на спортот. Целта е унапредување на спортски политики како на локално, така и на централно ниво.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст