Унгарски амбасадор во посета на Општина Куманово
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, оствари средба со амбасадорот на Р Унгарија во РС Македонија, Н.Е. Андраш Клеин.
Денешната, втора официјална средба помина во пријателска атмосфера, со истакнување на досегашната успешна соработка и промоција на економијата, културата и традицијата на двете земји.
Разговорот беше насочен кон продлабочувње на долгогодишните дипломатски односи, во повеќе општествени области.