Во чест на Денот на жената – 8 Март, претставници од Општината во посета на Дом за стари лица
Празнични рози во знак на внимание и поддршка, градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска им подарија на припадничките од понежниот пол и вработените во Домот за стари лица “Зафир Сајто” – Куманово.
Во пригодна атмосфера им го честитаа празникот на жената, посакувајќи им добро здравје, радост и пријатни мигови во домот.