Второ коло од лига во детска атлетика
Денеска на спортското игралиште во ООУ “Браќа Миладиновци” се одржа второ коло од лигата во детска атлетика. Овој спортски настан е организиран од страна на Општински сојуз на училишен спорт. Учество зедоа ученици од 14 општински основни училишта, во категории на 3 – то и 4 – то одделение. Лигата во детска атлетика содржи 7 кола, кои ќе се одржуваат еднаш месечно.Второто коло го отвори градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, кој изрази задоволство што во континуитет постои огромен интерес за спортот и спортските дисциплини во Куманово.