Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Забава и спортување меѓу основци и средношколци наместо насилство

Натпревар во шах за ученици од основни и средни училишта, во машка и женска конкуренција, беше организиран од Општински совет за превенција на детско престапништво – ОСПДП и Отсек за превенција при СВР – Куманово. Спортските активности се одржаа на отворено, на плато пред НУЦК Трајко Прокопиев – Куманово, пред многубројни љубители на шаховската игра. Целта на овие активности е социјализација и дружење меѓу младите, отргнување од прекумерната употреба на технички апарати, кои имаат негативно влијание кај адолесценти, спречување на девијантни појави (кражби, разни облици на насилство, употреба на опојни дроги и сл.) Претседателката на ОСПДП, инспекторка по превенција Лила Младеновска, истакна дека вакви натпревари ќе се организираат и во наредниот период, односно до старт на новата учебна година.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст