“Заборавени” – изложба на фотографии
Во салонот на Уметничка галерија при НУ Музеј – Куманово, вечерва беше отворена изложбена поставка на фотографии, од авторот Марјан Јаневски.
Посетителите имаа можност да разгледаат 30 фотографии, на кои се прикажани стари и напуштени објекти низ улиците на Куманово, препуштени на “забот на времето”, сведоштва за едно минато време, од кои природата создала уметнички дела.
“Заборавени” е петта самостојна изложба на Јаневски, кој е долгогодишен член на Фото кино клуб “Козјак”, a со уметничка и документарна фотографија се занимава повеќе од четири децении.
Неговата прва самостојна изложба датира од 1987 година.