Започна фестивалот „Денови на комедија“
Со претставата „Синиот портокал“ на Театар од Велес, вечерва започна фестивалот „Денови на Комедија“. На оваа дваесет и шесто издание на овој престижен фестивал учествуваат единаесет претстави од земјава и соседството. Истиот завршува на петнаесетти октомври со претставата „Љубовна терапија„ на кумановскиот театар. Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев„ е организатор на настанот, а истиот е поддржан од општина Куманово.