Започна реализација на проектот улично осветлување на одредени локации во Општина Куманово
Со денешното примопредавање на опремата за инсталација на соларните светла на одредените локации во Општина Куманово, започнаа активностите во рамка на проектот – Донација за улично осветлување.
Договорот беше потпишан помеѓу Општина Куманово и Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико од Скопје.
За реализација и монтажа е ангажирана фирмата ИЦС Системи, јавен приватен партнер на Општината, чија функција е одржување и унапредување на уличното осветлување.
Во акцијата доброволно ќе учествуваат и претставници од ромската заедница, бидејќи опремата за осветлување ќе биде поставена на локации каде претежно живеат припадници на оваа етничка заедница.
На денешното примопредавање на опремата за осветлување, присуствуваше и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, со претставници од општинската администрација.