Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започнува кампањата „Урбан октомври“ во Куманово

По повод 2 октомври, Светски ден на домувањето денеска во просториите на општина Куманово градоначалникот на Општината Димитриевски и заменик директорот на програмата „Хабитат Македонија“ Лилјана Алчева потпишаа Меморандум за соработка. Денешниот настан е во рамките на проектот „Домот е еднаквост“ и старт на кампањата „Урбан октомври“. Сите активности, на кои се обврзаа двете страни се во интерес на остварување на генералната цел на проектот, која се однесува на поттикнување на локалниот урбан развој во општина Куманово и вклучување на ромската популација во развојните и процесите на одлучување во Општината. На денешниот настан беше формирана локална лидерска група, како и презентиран проектот „Домот е еднаквост“, со фокус на претстојните работни активности на групата.
Беше посетена и населбата Пармакови ниви (Османов рид), каде што жителите и членовите на ЛЛГ го пополнија натписот во кампањата „Урбан октомври“.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст