Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Завршен настан на 50–тата Меѓународна ликовна колонија

Вечерва во комплексот Етно село “Тимчевски” се одржа завршен настан на 50–тата Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“. 11–те учесници од повеќе земји од регионов, кои работеа на платно во различни техники, создадоа по две уметнички дела, вечерва изложени како новосоздадена продукција. Од името на организаторите на јубилејниот настан, на покровителите и на ликовните уметници – учесници на Колонијата, им беа доделени благодарници за поддршката и учеството на традиционалниот настан.
На затворањето на Меѓународната ликовна колонија присуствуваше раководителот на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита Крстевски и и член на Совет на oпштина Куманово Дарко Митевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст