Заврши проектот – “Уредување, промоција и заштита на Бислимска Клисура”
Проектните активности за туристистичко подобрување на овој локалитет, се спроведуваа согласно програмата на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики и ЛЕР при Општината, во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2).
Програмата е финансирана од ЕУ, спроведена од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Куманово.
Основна цел на проектот е подобрување на туристичката понуда на најпосетуваното излетничко место во кумановскиот регион, преку интервенции во инфраструктурата, еколошка заштита и вклучување на локалното население.
Анализите покажуваат дека локалитетот е со тенденција на зголемување на бројот на посетители ( 30% во наредниот период од 5 години).
Долготрајниот процес на обука, едукација и еколошки акции, се темели на основните заклучоци од Студијата за развој на Бислимската Клисура, издадена од центарот за развој на Североисточен плански регион.
Проектот е имплементиран од страна на здружението – Народен универзитет Куманово, во партнерство со Локалната акциона група ЛАГАБЕР 2015 и Фондацијата за развој.
Повеќе информации за проектот имате на следниов ЛИНК