Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Завршна работилница од проектот – “Тивки сведоци”

Денеска се одржа завршната работилница од проектот за помош на жртви на насилство од страна на врсници – “Неми сведоци”, во организација на граѓанско здружение “Доверба” – Куманово.

Раководителка на проектот е претседателката на здружението, Дивна Јанкова.
Во проектните активности учествуваа средните општински училишта: СОУ Гимназија “Гоце Делчев”, ОСТУ “Наце Буѓони”, СОУ “Перо Наков” и ДСУ РЦСОО “Киро Бурназ” (последното училиште денеска не учествуваше на работилницата).
Завршната работилница се однесува на група за напредна помош на врсници кои се соочуваат со ваков вид на насилство.
На настанот учествуваше и претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст