Здрава исхрана и активен начин на живот – тема на проект Еразмус+
Денеска во Општина Куманово, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ остварија средба со претставници од ДСУ – РЦСОО “Киро Бурназ” – Куманово, домаќин на завршната фаза на Еразмус+ проектот, во кој учествуваат средни училишта од четири држави: Македонија, Турција, Шпанија и Португалија. Тема на проектните активности е здрава исхрана и активен начин на живот. За таа цел, во рамки на проектот ќе се организираат работилници и практични обуки на кои активно ќе учествуваат ученици и нивните наставници, како и посета на старата скопска чаршија и туристичката дестинација Охрид. Петдневната едукација предвидува спортски натпревари во повеќе дисциплини, за да се мотивираат учениците на физички активности, наспроти седењето пред технички апарати, посета на билна аптека, пекара, а беше организирана и вечер на традиционални јадења – “македонска трпеза”.