Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Симфониум” со концерт во чест на љубовта и виното

Вечерва во Занаетчиски дом членовите наоркестрот Симфониумпри СОУ ГимназијаГоце Делчев”-Куманово одржаа концерт во чест на денешниот ден на љубовта и виното. Настанот се одржа во соработка со Фондација за култура и спорт, а со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. На репертоарот на овој состав се наоѓаат музички дела, кои претставуваат спој на модерна и класична музика,  преку аранжмани и диригентската палка на професорот Филип Петровски. Нивната креативност и изведба предизвикаа сериозенинтерес на досегашните десет настапи. На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски и претседателката на Советот на Општината, Ѓорѓиевска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст