Средба на Градоначалникот Димитриевски со министерот без ресор Аксел Ахмедовски
Оваа објава е достапна и на: Albanian
Денеска во работна посета на Општина Куманово беше Министерот Ахмедовски кој е задолжен за имплементација на националната стратегија за подобрување на состојбата на ромите. Со градоначалникот Максим Димитриевски разговараа за состојбата на ромското население во општината, местата кај што живеаат, инфраструктурата во тој дел од градот како и за заеднички проекти во иднина.