Меѓународна велосипедска трка на локалитет Студена вода
Во организација на Велосипедски клуб “Кросс Сајклинг Тим”-Куманово, под покровителство на градоначалник и Совет на Општина Куманово и соработка со Општински сојуз на спортови, денеска на локалитет Студена вода се одржа меѓународен натпревар во планински велосипедизам. Учествуваа велосипедисти од: РСМ, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Романија, Бугарија, Грција и Франција. Ова е 5-та велосипедска трка, која се одржува во Куманово, а прва од највисок ранг-C1 трка, меѓународна велосипедска трка, вметната во календарот на Велосипедската федерација на РСМ. Учесниците ќе добијат меѓународни UCI поени за пласман на Олимпијада. На трката присуствуваше градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски.