Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Педесет и деветта седница на Советот на општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

На 09 јули 2021 година (петок), во големата сала на зградата на поранешните
општествено – политички организации со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи педесет и
деветтата седница на Советот на општина Куманово, по следниов

Дневен ред

1. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Куманово – план“ –
Куманово за 2021 година;
2. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за
вработување на определено време на двајца извршители (даватели на услуги);
3. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина
Куманово за 2021 година;
4. Предлог – Одлука за измена наОдлуката за спроведување на мерки за субвенционирање
на трошоци за јавен градски и меѓуградски превоз за 2021 година;
5. Предлог – Одлука за начин на користење на отворено спортско игралиште „Соколана“
Куманово и утврдување на цена на влезници за 2021 година;
6. Предлог – Одлука за измена на режим на сообраќај на крак од улицата „Иво Лола Рибар“
(Нагорички сокак) во Куманово;
7. Предлог – Одлука за измена на режим на сообраќај на дел од улица „Димитар Влахов“, дел
од улица „Ленинова“ и крак на улица „Октомвриска Револуција“ во Куманово;
8. Измена и дополнување на планот и програма за развој на Општина Куманово за 2021
година;
9. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина
Куманово за 2021 година;
10. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за мандатни прашања,
избори и именувања на Советот на Општина Куманово;
11. Предлог – Решение за разрешување и избор на претседател на Комисијата за образование,
култура и спорт на Советот на Општина Куманово;
12. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за одбележување на
празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина
Куманово;
13. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на Јавно
претпријатие за просторни и урбанистички планови „Куманово – план“ Куманово;
14. Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на
Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст