Состанок на Општински штаб за заштита и спасување – Куманово


ЗАКЛУЧОЦИ

1.Преку јавните медиуми да се упати апел до граѓаните во случај на снежни врнежи да се ангажираат за расчистување на снегот пред сопствените домови, станбени згради, деловни простории, а постарите лица да избегнуваат излегување и движење по замрзнатите површини.
2.Општина Куманово преку комунална инспекција превентивно да ги задолжи управителите на станбени згради и сопствениците на деловниот простор во случај на врнежи од снег да се ангажираат за расчистување на истиот.
3.Се препорачува на ЈП “Водовод” и ЈП “Чистота и зеленило” максимално да бидат подготвени за интервенција на јавна површина во случај на потреба.
4.Се препорачува градоначалникот на Општина Куманово преку службите активно да ја следи состојбата и по потреба да превзема мерки за ангажирање на дополнителна механизација.
5.Општина Куманово преку одделение за заштита на животна средина да иницира дополнителна проверка на загасденоста на воздухот на повеќе локации бидејќи постојната мерна станица се наоѓа во дворот на Општата болница Куманово, која користи мазут за загревање.
6.ЈП “Чистота и зеленило” Куманово да изготви план за потреба од проширување на зелени површини и каквов вид на дрвја да се засадат, како би се намалила загаденоста на воздухот.
7. ЈП “Чистота и зеленило” Куманово да пристапи кон формирање на оџачарска служба бидејќи голем број на семејства користат огревно дрво и јаглен за затоплување.
8.Општина Куманово постојано да биде во приправност, а граѓаните во случај на потреба да се јавуваат на телефонските броеви:
078/365-061; 195; 112

9.Општинскиот штаб за заштита и спасување и понатаму внимателно ќе ја следи состојбата и по потреба ќе заседава.