Градоначалникот Димитриевски одржа прес конференција
Денеска Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски одржа прес конференција, на која информираше за новонастанатата ситуација во нашиот град со нови случаи на заболени од овој вирус, како и превземање понатамошни активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). Испрати апел до сите граѓани да се придржуваат до мерките и препораките.