Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Да допринесеме за поздрава и позелена иднина

“MAN AND MOUNTAIN LLC” – Австрија во соработка со Општина Куманово, ЈП „Чистота и Зеленило“-Куманово и  “Кумановски акцијаши”, денеска ја спроведоа еколошката акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022. Се чистеше на локациите градски кеј (од двете страни на р.Кумановка), најголемата дива депонија во градот на самиот влез во населба „Перо Чичо“ и околниот реон на згради. Собраниот отпад ќе се транспортира до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад. Со секои 10 кг отпад се дава значаен придонес во засадувањето на нови пристапни шуми “СОНЧЕВА ГОРА” како национални зелени споменици. Оваа еколошка акција има за цел да ја подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпад, која позитивно ќе влијае во зачувувањето на животната средина. Во акцијата учестуваа градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Совет на Општината.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст