Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Деветта седница на Советот на Општина Куманово

На 19 април 2018 година (четврток), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи деветтата седница на Советот на Општина Куманово.

 

Дневен ред

 

  • Усвојување на записниците од Шестата и Седмата седница на Советот на Општина Куманово

 

  1. Предлог – Одлука за давање на согласност на Одлуката на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово за апликација и реализација на проектот „Театарски мост на културата – современа уметност и традиции за одржлив туризам”;
  2. Предлог – Одлука за давање на согласност на Одлуката на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за апликација и реализација на проектот „Театарски мост на културата – современа уметност и традиции за одржлив туризам”;
  3. Предлог – Одлука за давање на согласност на Одлуката на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за апликација и реализација на проектот „Соработка во визуелните уметности за промоција на културниот идентитет на регионот”;
  4. Предлог – Одлука за давање на согласност за апликација и реализација на проектот „Заедничка историја и култура – Мост преку граници“;
  5. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2018 година;
  6. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2018 година;
  7. Буџетски календар;
  8. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2018 година;
  9. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2018 година;
  10. Предлог – Одлука за основање на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „КУМАНОВО – ПЛАН“ Куманово;
  11. Предлог – Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општината Куманово;
  12. Предлог – Решение за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;
  13. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2019 година на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;
  14. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2017 година;
  15. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2017 година;
  16. Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2017 година;
  17. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2017 – 31.12.2017 година;
  18. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2017 – 31.12.2017 година;
  19. Извештај за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2017 – 31.12.2017 година;
  20. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2018 година на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
  21. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2019 година на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
  22. Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2017 година;
  23. Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2017  година;
  24. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2018 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;
  25. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Октомври – Декември 2017 година;
  26. Годишна сметка и Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Декември 2017 година;
  27. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2017 година со финансов извештај;
  28. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2018 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
  29. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2019 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
  30. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2018 година на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;
  31. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2019 година на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;
  32. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во 2019 година на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
  33. Годишен извештај за реализирана Програма за јавно здравје за Општина Куманово за 2017 година;
  34. Извештај за работење на Центарот за развој на Североисточниот плански регион за 2017 година со финансов извештај;
  35. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти “Куманово – гас” Куманово;
  36. Предлог – Одлука за утврдување на цена на влезници и начин на користење на тениски терени „23-ти Октомври“ Куманово;
  37. Предлог – Одлука именување на командант на Штаб за заштита и спасување на Општина Куманово;
  38. Предлог – Одлука за именување на членови на Штаб за заштита и спасување на Општина Куманово;
  39. Предлог – Одлука за поставување на должност на командири на просторни единици за заштита и спасување на Општина Куманово;
  40. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи на подрачјето на Општина Куманово;
  41. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување на финансиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Куманово;
  42. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за градење на верски објект на Македонска православна црква – Охридска архиепископија – Скопје, Кумановско-Осоговска Епархија;
  43. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2018 година;
  44. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Гоце Делчев“, Урбан блок 27, плански опфат меѓу регионален пат Куманово – Свети Николе, ул. „2001“, ул. „АВНОЈ“ и ул. „Видое Смилевски Бато“ – Општина Куманово;
  45. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 526/5, м.в. Селиште, КО Љубодраг – Општина Куманово;
  46. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 635/2, м.в. Лозјиште, КО Новосељане – Општина Куманово;
  47. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 919 и КП 918, м.в. Вртача, КО Довезенце – Општина Куманово;
  48. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2056, м.в. Локва, КО Пезово – Општина Куманово;
  49. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4281/1, м.в. Трлиште, КО Табановце – Општина Куманово;
  50. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 363/2, м.в. Вирови, КО Јачинце – Општина Куманово;
  51. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1438, м.в. Поток, КО Орашац – Општина Куманово;
  52. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1497/1, м.в Поток, КО Орашац – Општина Куманово;
  53. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 628/5, село Доброшане, КО Доброшане – Општина Куманово.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст