Ден на гравот – “Граше брате наше”
Под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, во ресторанот “Грација” се одржа гастрономска манифестација, ден на гравот – “Граше брате наше”, во организација на здруженијата:
– Здружение на пензионери “Куманово”,
– Здружение на дијабетичари “Куманово”,
– Здружение “Еко гард”.
Дегустацијата на гравот беше збогатена со културно – забавна програма, со настап на КУД “Ѓоко Симоновски” од здружение на пензинери “Куманово”, КУД ”Срма” – Куманово и вокални интепретатори.
На заедничкото дружење присуствувааше Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.