Здружението за грижи и воспитување на децата ја посети Општина Куманово
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска имаше средба со Здружението за грижи и воспитување на децата. Здружението на новоизбраниот градоначалник ги претстави своите досегашни достигнувања и ги презентираше своите идни планови и очекувања на поле на развој и унапредување на досегашната соработка со општината. Присутни беа и учениците од ОУ „Толи Зордумис“ од с. Режановце и ОУ „Битолски конгрес“ од с. Лопате – учесници и добитници на награди на ликовната колонија „Филигран“ и „Тијара“ кои оваа пригода ја искористија за да ги подарат своите победнички дела на Градоначалникот Димитриевски.