Известување од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на 24.11.2020 год.
Во просториите на Општина Куманово се одржа педесет и четврти состанок на Општински штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот пристуствуваа претставници на Општински штаб, претставници од институции, организации, јавни претпријатија. На состанокот беа донесени следните препораки:
- Општински штаб за заштита и спасување дава препорака до раководните лица на сите институции да организираат редовна дезинфекција на своите простории;
- Општински штаб за заштита и спасување дава препорака и до управителите на станбените згради, во рамки на свои можности, да вршат зачестена дезинфекција на заедничките простории во зградите;
- Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории.
Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира.