ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан шеесет и втори состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 02.02.2021 година (вторник)
Денеска во просториите на општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
- Во период од 25.01. до 31.01.2021 година во општина Куманово регистрирани се 74 позитивни случаи на COVID 19, а моментално има 343 активни случаи;
- Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории.