Известување
Секторот за даноци и такси при Општина Куманово ги известува сите правни лица даночни обврзници по основ данок на имот за правни лица како и сите обврзници на комунална такса по основ назив на деловна просторија , дека е завршена дистрибуција на Опомени за неплатени обврски по основ данок на имот за правни лица за 2022 год и комуналана такса за назив на деловна просторија за 2022 год.
Доколку даночните обврзници не постапат соголасно наведеното во Опомената, односно не го платат даночниот долг и долгот по основ комунална такса во рок од осум дека од денот на доставување на опомената на последната адреса што ја имаат пријавено кај нас, ќе се пристапи кон генерирање на Решение за присилна наплата согласно чл.55 од Закон за даноците на имот , односно ќе се постапи согласно чл.73 од истиот закон и ќе се донесе Решение за забрана на користење на средства на даночниот обврзник од неговите сметки кај носителите на платниот промет.
Своите обврски даночните обврзници и физички и правни лица можат да ги плаќаат и на системот на новата платформа за електронска наплата enaplata.kumanovo.gov.mk. Со регистрација на меил и со внесување на матичен број за физички лица и даночен број за правни лица се генерираат обврските со кои располагаат даночните обврзници и по број на решенија субјектите ќе имаат увид во целокупниот долг со кој располагаат.
Сектор за даноци и такси и Општина Куманово ве охрабрува да ја користите новата алатка – системот за електронска наплата.