Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ревија на народни носии – Етно фолк студио

Трето издание на ревија на народни носии во организација на Етно фолк студио ( Центар за истражување и одржување на традиција) од Куманово, со поддршка на Општината, вечерва се одржа во салата на Занаетчиски дом во нашиот град.
На сцената беа прикажани носии од разни националности и етнички заедници, кои го отсликуваат културно – историското богатство на кумановскиот крај.
Ревијата беше проткаена со песна и игра од членовите на Етно фолк студио, кое одбележува мал јубилеј – пет години од своето постоење.
На културно – уметничката вечер присуствуваа претседателката и членови на Советот на Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст