Искршени канделабри на градскиот плоштад
Почитувани граѓани,
Оваа се слики од уништување на канделабри на самиот плоштад во центарот на градот. Несовесните граѓани продолжуваат со своето недолично однесување. На кого му пречи да биде осветлен и уреден градскиот плоштад кој е на сите и за сите. Овој пример е уште еден од низата во изминатиот период, кои покажуваат како не треба да се однесуваме кон околината во која живееме. Инспекциските служби од општина Куманово веднаш излегоа на терен за да направат увид и записник од состојбата.