Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

КУД „Српски вез“ – Куманово го одржа годишниот концерт

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

По повод 9– годишното постоење на КУД „Српски вез“ – Куманово вечерва во НУЦентар за култура “Трајко Прокопиев” се одржа традиционалниот годишен концерт. Овој културен настан е поддржан од Министерствата за култура на РСМ и Р Србија, Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот и Општина Куманово. На настанот настапија гостите: КУД “Бојмија”-Гевгелија и “Бисер”-Дражевац-РСрбија, како и домаќините- КУД “Српски вез”. “Српски вез” е Друштво формирано во 2013 година, со цел приближување на српската традиција, ширење и негување на српката култура и идентитет во РСМ,  соработка и ширење на пријателство со македонскиот народ и останатите етнички заедници, кои живеат на овие простори.  Ова Друштво успешно опстојува преку фолклорна и пејачка секција, како и  етно група со истакнати солисти. На годишниот концерт присуствуваше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст