Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ларвицидна дезинсекција и прскање против крлежи во вторник и среда

На 16 и 17 април (вторник и среда) предвидено е да се спроведе ларвицидна дезинсекција која има за цел уништување на ларвите на комарцире и дезинсекција против крлежи која го спречува ширењето на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

Со дезинсекцијата на крлежи ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот.

Доколку,временските услови не дозволат да се спроведат третманите на  дезинсекција, тогаш истите ќе бидат одложени за наредниот ден.

 

 

 

 

На 25 март (понеделник) на територијата на Општина Куманово ќе се спроведе ларвицидна. Во случај на неповолни временски услови истото се одложува до наредниот поволен ден.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст