Наградената ученичка по математика на прием во Општина Куманово
Илина Арсовска, ученичка од деветто одделение при ООУ “Кочо Рацин” – Куманово, која освои бронзен медал во категоријата јуниори на Меморијалниот натпревар по математика на Природно – математичкиот факултет во Скопје, заедно со својата менторка Марина Величковска, професорка по математика, беа примени во Општина Куманово.
Илина има освоено два сребрени медали и еден бронзен, таа е прва ученичка од нашата земја која постигна врвен успех на натпреварот кој има олимписки карактер, каде право на учество имаат само поканети ученици од Сојузот на математичари.
Со освоените поени се пласирала и за настап на Европската женска математичка олимпијада, но поради возраста засега нема да учествува.
На денешниот прием во Општина Куманово честитки за постигнатиот успех и упатија, претседателката на Советот на Општината и раководителот на Секторот за образование, посакувајќи и уште повисоки достигнувања.