Ноемвриска спортска трка Born 2 Run
Во рамки на празничните активности по повод 11 Ноември, денеска на градскиот плоштад Нова Југославија, се одржа спортската манифестација Born 2 Run, на која учествуваа преку 300 натпреварувачи од нашата земја.
Настанот се организира по петти пат од страна на ЦИД (Центар за интеркултурен дијалог) од Куманово, со поддршка на Општина Куманово, во соработка со МВР – СВР Куманово и Europe House од Крива Паланка, со цел да ги собере младите од градот и државата, да ги мотивира во позитивна насока, да практикуваат спортски и културни активности.
Настанот го отвори Секретарот на Општина Куманово, Александар Гелевски.
Присуствуваа и претставници од Мисијата на ОБСЕ, претставници на меѓународната и локалната заедница.
Спортскиот настан на градскиот плоштад беше збогатен со изложба на опрема на армијата- Отворен ден на АРМ.