Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одржан фестивалот на ромски фолклор “Јекипе Единство Куманово 2019”

Традиционално, како и секоја така и оваа година, се одржа фестивалот на ромски фолклор “Јекипе Единство Куманово 2019”, во рамките на кој се одржа и “Рома Фешн”, во организација на Ансамблот на народни ромски игри и песни “Рушит Шакир”-Куманово, а по повод Јубилејот 500 години од постоењето на Куманово.

На фестивалот настапија културно-уметнички друштва од нашата држава и Република Србија и тоа од градовите: Прилеп, Делчево, Скопје, Куманово и Бор. На Рома Фешн учество зедоа учесниците на фестивалот.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски им се обрати на присутните и го прогласи фестивалот за отворен.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст