ООУ “Вук Караџиќ”- Куманово го одбележа својот патронен празник
На свечената приредба по повод патрониот празник, која беше организирана од страна на учениците и нивните наставници во училишната спортска сала, присуствуваа Секретарот на Општина Куманово, претседателката со членови од Советот на Општината, раководителот на Секторот за образование и претставници од општинската администрација.
ООУ “Вук Караџиќ” ја одбележа 77- та годишнина од своето постоење со богата културно -уметничка програма со наслов “Македонија во срцето”.