Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соработка меѓу ООУ “Христијан Карпош”- Куманово и Шведската агенција (SIDA)

Претставници на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA), за време на дводневната теренска посета на нашата држава, имаат за цел да се запознаат со работата на We Effect, IISEE проектот и идејата за соработка со ООУ “Христијан Карпош” – Куманово.
Ставен е акцент на интервенцијата во ООУ “Христијан Карпош” за зајакнување на соработката со ромската заедница, во врска со одливот на ромските ученици во погорните одделенија на основното образование и да се зголеми редовноста на учениците, со цел да завршат основно образование, за да имаат пристап до пазарот на труд.
Главните заложби на проектот се зголемување на приходот и социо – економското зајакнување на ранливите и маргинализираните групи од руралните области 2021-2023 (IISEE).
На презентацијата која  беше организирана во училиштето, учествуваа Секретарот на Општината, Александар Гелевски  и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст