Оспособена фонтаната на споменикот „Батко Ѓорѓија„
По три години почна да тече вода на фонтаната на градскиот плоштад, кај споменикот Батко Ѓорѓија. Од страна на Општина Куманово, беа набавени делови за сервисирање на истата, а со стручна помош на „ЈП Водовод„ се изврши замена на делови за електрична инсталација и за водоводна мрежа.
Во тек е изработка на физибилити студија за утврдување на оштетеноста и на останатите две фонтани во централно градско подрачје. По што ќе следува и нивна реконструкција.