Отворена изложбата „Црногорско кирилично печатарство во XV и XVI век“
Во рамките на активностите на Повереништво на Матица црногорска и Истражувачки центар Монтенегрин, вечерва во Занаетчискиот дом Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски ја отвори изложбата „Црногорско кирилично печатарство во XV и XVI век“. Пред присутните се обрати Мирољуб Орландиќ, повереник на Матица црногорска во РСМ. Целта на изложбата е афирмација на македонско-црногорските односи во областа на културата, историјата, книжевноста и традицијата.