Отворена Ликовната Колонија „Куманово“2019
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска ги посети уметниците кои пристигнаа во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, на 46 меѓународна Ликовна колонија „Куманово“ 2019.
Годинава учествуваат четиринаесет уметници од Северна Македонија, Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина: Никола Пијанманов, Мила Трендафиловска, Ивана Настески, Милена Станков, Наѓа Миливојевиќ, Бранко Јевќиќ, Антонија Фингарова, Петар Чучулигов, Саво Рупиќ, Ивана Маркез Филиповиќ, Марија Мицова и други.